Дали кучињата се подобри од луѓето? Одговорот е едноставен. Оваа приказна открива зошто!

194

Прочитајте ја приказната која објаснува зошто кучињата понекогаш се поголеми луѓе од нас самите.

Еден човек испратил писмо до мал хотел во Грција кој планирал да го посети за време на одморите.

Во писмото пишувало:

“Би сакал да дојдам со своето куче. Тој е негуван и убаво воспитан. Дали сте подготвени да дозволите ноќе да спие во мојата соба?”

Наскоро од сопственикот на хотелот добил одговор:

“Го водам овој хотел веќе многу години. За сето тоа време никогаш ниту едно куче не ми украло крпа, постелнина, сребрени садови, ниту слика од ѕидовите. Никогаш ниту едно куче не сум морал да го исфрлам од хотелот, затоа што е пијано или не се однесува пристојно. Никогаш не ми се случило кучето да побегне, а да не ја плати сметката.

Затоа, Вашето куче навистина е добредојдено во мојот хотел. А, ако Вашето куче гарантира за Вас, и Вие, исто така, сте добредојдени.”