Пријателе, кажи ми, каква беше таа?
Еве, види вака. Секогаш беше искрена, насмеана, весела, разиграна, личност која знаеше да живее, која не се плашеше од иднината. Имаше топло срце, душа на дете, беше полна со живот, чекореше смело кон своите соништа. Ете гледате, таа беше сè што ми требаше.
Тогаш, зошто ја остави?
– Се исплашив, знаеш. Се плашев да не ја повредам како и секоја предходна. Не сакав да ја повредам, да и нанесам болка, таа тоа не го заслужува.
Дали сè уште ја сакаш?
– Пријателе, никогаш не сум престанал да ја сакам.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.