Зошто постарите жени сакаат помлади мажи?

2741

Неколку истражувања покажале значителна разлика во остварувањето на зрелост помеѓу мажите и жените, па така мажите треба да чекаат до 43 година, додека жените до 32 година на животот, затоа не е чудно што се повеќе и повеќе успешни жени влегуваат во врска со помлади мажи.

Всушност, експертите веруваат во причината за фактот дека жена од маж на нејзина возраст очекува барем еднаков успех во животот, додека на помладите гледа како потенцијал кој допрва треба да се развие и сакаат да им помогнат.

Значи со помладите нема атмосфера на конкуренција во професионалниот живот, која е неизбежна со лица на нејзина возраст, дури и ако тие не се конкурентни на било кој начин. Во случај кај помладите единственото нешто што се развива е поддршката за успех.

Покрај тоа, помладите мажи се повеќе забавни и безгрижни, што на жениите, кои ги посветиле годините на образование и кариера, им дава можност да се опуштат и да се забавуваат, што инаку би требале да ги бараат на друго место.

Тоа не е редок пример жените да бараат помлад партнер со цел на своите деца да им обезбедат помлад татко, затоа што често жените со кариера по 40-та година стануваат мајки.

Кога нивниот партнер би имал еднакви години или постар, децата за време на студии би имале родител пензионер, што на добар дел од жените не им се допаѓа како замисла.

Се разбира, постои последната опција, ако жената била толку преокупирана со кариерата и сеуште не разбрала што навистина сака од нејзиниот животен партнер и има нерешени емоционални проблеми, тогаш избира помлад партнер, бидејќи тоа и е поедноставно. 🙂

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.