За мажите убавиот секс е многу важен услов што дефинитивно има значење кога се одлучува дали да се биде со една жена или не.
Сите правиме грешки, тоа е дел од животот. Но, најважно е да се учиме и да продолжиме напред. Истото е и во сексот. Убавиот секс е многу важен услов што дефинитивно има значење кога се одлучува дали да се со една жена или не. За нив тој оди рака под рака со љубовта.
Значи, топло ви препорачуваме да ги прочитате кои се 3-те најголеми грешки на жените во сексот.
– Срамење –
Заборавете на сите љубовни романи, каде што главниот лик е силно импресиониран од скромноста на љубената во кревет! Нема такви работи!
Заборавете и за комплексите . Градите ви се прекрасни, задникот – секси, а кожата ви е мека и неодолива. Само за бакнување! Значи, престанете да го гасите светлото. На темно само се спие.
Подарете, не двоумете се да ја исполните својата или негова сексуална фантазија. Отворенаѕа жена во кревет обично станува и постојана сопатничка во животот!
– Молчење –
Веднаш се сеќавам на зборовите на мој познаник: “Затвори ги очите, лежејќи, ни лелек, ни тон, се прашувам будна ли е, спие ли? Ужас! ”
Па ужас е! Ништо не ја уништува атмосферата повеќе од тишината. Сеедно дали си легнала таму по обврска или немаш трпение сè да заврши. Ова девојки, е огромна грешка.
Ако се чувствувате непријатно да издадете звуци, веднаш сменете ја оваа непријатност. Секако, не треба и да глумите премногу. Само релаксирајте се и звуците сами ќе излегуваат од устата ви.
– Сексуална пасивност –
Што ќе рече тоа? Постојат 2 варијанти – или никогаш не иницирате секс, или за време на него чекате само партнер да ги диктира работите.
И во двата случаи тоа е грешка. Речиси сите мажи супер многу се возбудуваат кога жената ќе преземе иницијатива. Тие исто паѓаат на заведувањето! Свеќи, секси долна облека, еротска масажа … Не двоумете се да ги применувате овие тактики. Гаранција ќе имате голем успех.
Се разбира, бидете и палави за време на сексот. Многу глупаво е да стоиш во очекување каде ќе те вртат. Или уште да прашуваш! Дејствувај!
Што не значи да управувате со сите ти: “Сега побрзо, сега побавно соочи се малку, оп-оп, врати малку …” непречена транзиција со бакнежи меѓу позите и готово. Така и на него ќе му е пријатно, и на тебе исто.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.