Пилешка чили супа

1469

Потребно

  • 1 глава кромид, ситно сецкана
  • 200 г зрел грав од конзерва, сварен
  • 200 г црн грав од конзерва, сварен
  • 1 конзерва (200 г) пченка, исцедена
  • 1 конзерва доматен сос
  • 1 лименка пиво (500 мл)
  • 500 мл вода
  • 400 г ситно сецкани домати
  • чили зачин по вкус
  • 3 парчиња пилешки гради, исечени на парчиња
  • сол и бибер по вкус
  • рендан кашкавал за попрскување
  • 200 мл павлака (опционално)

Подготовка

  • Во тенџере измешајте ги зрната грав, пченката, доматниот сос, пивото и коцките домати.
  • Додадете чили зачин.
  • Прелијте со водата.
  • Добро промешајте и оставете да изврие.
  • Додадете го пилешкото во тенџерето.
  • Притиснете го малку надолу, за да се измеша со зачините и зеленчукот.
  • Намалете ја топлината на шпоретот и оставете за околу еден час.
  • Откако супата е подготвена додадете рендан кашкавал и павлака пред сервирање.
  • Супата може да се служи со мексиканска тортилја.