Грофицата Ержебет Батори | Видео

229

Ержебет Батори (унгарски Báthory Erzsébet, словачки Alžbeta Bátoriová; 7 август 1560. – 21 август 1614. година) била унгарска грофица. Таа е една од најпознатите сериски убијци и вампиристи во историјата. Била обвинета, заедно со 4 соучесници, за тортура и убиство од 500 до 1.000 девојчиња. Поголемиот дел од животот го поминала во замокот Чахтице во Словачка, а последните 4 години од животот ги поминала во затвор. Нејзините соучесници биле убиени.

Мажите обично се сметаат за сурови и крвнички настроени, но некои жени навистина ги надминуваат во нивната морбидна љубов кон убиства. Една таква жена, можеби најсуровата која некогаш живеела, била грофицата Ержебет Батори. Родена е во 1560. година и пораснала на имотот Ешед во Трансилванија, а нејзиното семејство било едно од најмоќните во целата земја.

Таа се школувала во време кога малку луѓе знаеле да пишуваат, а зборувала унгарски, германски и латински. Имала нешто повеќе од 15 години кога се омажила за Ференц Надаџи, суров воин и благородник. Пред нејзиниот брак, таа родила ќерка Анастасија, а се верува дека таткото на ова дете е еден од слугите. Како подарок за венчавката, Ержебет го добила замокот Чахтице, кој се наоѓал на врвот од еден рид и бил опкружен со село. Ержебет и Ференц имале шест деца: Анастасија Батори, Каталин Надежда, Каталин, Миклоша, Оршоли и Пал, од кои две починале многу рано. Сопругот на Ержебет бил убиен во 1602. година. Не е познато кога Ержебет започнала да убива девојчиња, но се смета дека било помеѓу 1585. и 1610. година.

Ержебет имала многу чудни роднини, меѓу нив е тетката Клара, која уживала да мачи слугинки. Семејството Батори се сметало за вампирско. Покрај сите настани со Ержебет Батори, која дури живеела во Трансилванија чиј принц бил внукот на Ержебет, а семејството Батори имало врски и со грофот Дракула. Командант на походот кој му помогнал на Дракула да го заземе престолот е Иштван Батори; еден од имотите на Дракула, замокот Фагарас, станал сопственост на Баториевите во времето на Ержебет, а двете семејства го имале змејот на семејните грбови.

Живеела во замокот Шарвар, каде уживала во мачење на своите слугинки. Поради здодевноста, таа ја посетува тетка ѝ Карла и се придружува на нејзините оргии, а Доротеја Шентеш и слугинката Торко ја запознаваат со црната магија. Современиците ја сметале за една од најубавите жени и таа била свесна за тоа, како и за вистината дека не може да избега од стареењето. Додека тепала една слугинка, нејзината крв се распрснала по лицето на Ержебет и оттогаш била убедена дека ако се мие со крвта на девици, може да остане вечно млада. Ержебет Батори се почесто организирала мачење на слугите, а користела и различни методи.

Некогаш ги ставала жртвите во мал кафез кој, а потоа ги нишала кон шилцитњ кои sиркаа од сите страни. Таа набивала игли под ноктите и на снег да ги поливала девојчињата со вода сè додека не станале ледени статуи, но секогаш сакала да ги гледа жртвите во очи. Оттогаш убиствата станувале почести, имала цела дружина која се занимавала со пронаоѓање девојки во чија крв се бањала. По некое време сфатила дека крвта на селските девојчиња нема никаков ефект врз нејзината кожа.

Таа заклучила дека ѝ треба поквалитетна крв и во 1609. година отворила академија во нејзиниот замок. Богатите родители од целата земја ги испраќале своите деца да учат на благородни манири. Се верува дека убила околу 650 девојчиња. Се верува и дека нејзиниот сопруг и роднините знаеле за убиствата, но дека никој не сакал да интервенира.

Додека уживала во своите морбидни злосторства, Ержебет се претставувала себеси како добар католик. Таа редовно одела во црква, па дури и се обидувала сите жртви да бидат погребани по христијанска церемонија. Кога започнала да ги убива ќерките на кралското семејство, властите реагирале,

Ержебет била откриена во 1610. година, кога од sидовите на замокот фрлила 4 масакрирани жртви. Веста наскоро стигнала до Царот, и наредил на братучедот на Ержебет, Турзо, да ја уапси. Ја фатиле на дело. Соучесниците на Ержебет биле егзекутирани, додека неја ја спасува благородничкото потекло. Сепак, пронајдена е дупка во законот и Ержебет е заsидана во тоалетот на нејзиниот замок. Пронајдена е мртва во 1614. година.