Зошто кожата на прстите ни набабрува кога се во вода? Причината може да ве изненади | Видео

155

Во една студија, испитаниците со набабрени прсти биле околу 12% побрзи во собирање влажни предмети.

Дали некогаш сте се запрашале зошто прстите на рацете и нозете набабруваат по долго капење или пливање во море? Одговорот е многу поинтересен отколку што би очекувале.

Научниците со децении веруваа дека оваа реакција се јавува затоа што надворешниот слој на кожата апсорбира вода и набабрува, но излегува дека тоа не е точно, пишува BrightSide. Имено, надворешниот слој на кожата е цврсто прицврстен на слојот под него и не може само туку така да се рашири.

Но, во 1935 година, група научници кои спровеле лабораториски тестови утврдиле дека прстите на рацете и нозете не набабруваат под вода доколку одреден нерв не е оштетен. Дошле до заклучок дека набабрената кожа е реакција на вегетативниот нервен систем кој регулира голем број физиолошки процеси.

Во една студија, научниците ги замолиле испитаниците со набарени прсти од вода и оние со суви раце да фатат влажни и суви предмети. Волонтерите со набабрени прсти биле околу 12% побрзи во собирањето влажни предмети.

Невролозите сугерираат како набабрената кожа има еволутивна функција, односно прстите набабруваат затоа што подобро се лепат на влажна површина. Тие го споредиле со гумите на автомобилот. Ако жлебовите се доволно длабоки, гумата подобро ќе се лепи на површината, но тоа не е случај со „ќелавите гуми“.

Ако прстите имаат подлабоки жлебови, низ нив ќе помине водата и подобро ќе се фатиме за влажната површина.