Машката ракометна репрезентација на Хрватска по третпат во историјата ќе се бори за титулата европски шампион откако во полуфинале што траеше два часа и 15 минути и по две продолженија ја совладаа Норвешка со 29:28 (мечот во регуларниот дел заврши 23:23).
Голот за финале го постигна Жељко Муса на три секунди до крајот на средбата.
Најефикасен хрватски ракометар беше Домагој Дувњак, кој беше прогласен и за МВП, со осум гола, шест гола додаде Мариќ, Хорват реализира четири додека Степанчиќ го заврши настапот со три гола.
Прв стрелец кај Норвежаните беше Сандер Сагосен со 11 погодоци, Гулеруд, Танген и Јоханесен со четири.
Репрезентацијата на Шпанија која е актуелен европски првак во недела ќе ја брани титулата освоена пред две години во Хрватска. Шпанците денеска ја совладаа Словенија со 34:32 во второто полуфинале така што далеку полесно од Хрватите се најдоа во финалниот дуел.



















