ВРЕМЕ Е ЗА ЕУФОРИЈА ? Лекот Molnupiravir се покажа како моќно оружје против корона

566

Производителот вели дека Molnupiravir го ублажува текот на болеста Ковид-19.

Земањето на лекот веднаш по појавата на симптомите го намалува ризикот од одење во болница или смрт од инфекција со коронавирус се намалува за 50%.

Американската фармацевтска компанија Merck Sharp и Dohme (MSD) во петокот (1.10) објави вести за ветувачки тестови на лекот Molnupiravir во лекувањето на Ковид-19. Ова го покажале клиничките студии. Според MSD, 775 пациенти со висок ризик учествувале во студијата, кога станува збор за Ковид-19, пишува Deutsche Welle.

Примарната цел на студијата, која е прекината затоа што била успешна, е да се испита ефикасноста на кандидатот за лекови против плацебо односно празна таблета. Мерен е процентот на пациентите хоспитализирани или починати – од почетокот на давањето на Molnupiravir или плацебо во траење од 29 дена.

Резултатот покажа дека 14,1% (53/377) од испитаниците кои примале плацебо во рок од 29 дена морале да бидат хоспитализирани или починале. Меѓу оние кои примале Molnupiravir, бројката била 7,3% (28/385). До 29-тиот ден, не е пријавен ниту еден смртен случај кај пациенти кои примале молнупиравир, во споредба со 8 смртни случаи кај пациенти кои примале плацебо.

Сепак, резултатите сѐ уште не се независно потврдени, односно верифицирани.

Ефекасен само кај поблаги форми на Ковид

Според производителот на MSD, лекот помага само ако се зема во рок од пет дена од почетокот на симптомите.

Уште во април оваа година, MSD објави дека лекот Molnupiravir не е доволно ефикасен кај пациенти кои се веќе хоспитализирани – или сериозно болни. Тековните студии треба да се фокусираат на пациенти кои не се хоспитализирани.

Molnupiravir работи со помош на ензим што коронавирусот го користи за копирање на генетскиот код и репродукција. Molnupiravir (MK4482, EIDD-2801) е про-лек на синтетичкиот нуклеозиден дериват N4-хидроксицитидин. Само активниот метаболит може да се вгради во вирусната RNK за да генерира грешка при копирање и да ги поремети полимеразите, а со тоа и нејзината репликација.

Во првите реакции, експертите ги поздравуваат позитивните резултати од студијата, но предупредуваат на прекумерна еуфорија и потсетуваат на лекот против грип што некогаш бил преценет. Никој не го именува, но најверојатно станува збор за лекот Oseltamivir, кој се продава под името Tamiflu.

Ефикасен против други коронавируси

Овој лек всушност би требало да биде одобрен за лекување на грип. Истражувањата сега покажале дека не е ефикасен само против Sars-CoV-2, туку и против други вируси од групата коронавируси, како што се Sars-CoV и Mers-CoV.

MSD сака да аплицира за одобрување на Molnupiravir што е можно поскоро и соопшти дека договори со владите низ целиот свет веќе постојат. Компанијата може да произведе десет милиони дози до крајот на годината.

Ако FDA (американска владина агенција) го одобри Molnupiravir, американската Влада планира да купи 1,7 милиони дози. Берзите веќе реагирале многу позитивно на веста за успешниот резултат на студијата.

Што друго се користи во лекување на ковидот?

Досега, Remdesivir е единствениот лек специјално одобрен за Ковид-19. Ако молнупиравир добие одобрување, тоа ќе биде првата насочена орална терапија – лек што се зема како и секоја друга таблета. Remdesivir мора да се даде како инфузија.

Други лекови со антивирусна активност се исто така во фаза на клиничко испитување. Студиите ги спроведуваат фармацевтските компании Pfizer и Atea & Roshe и работат на тип на лекови слични на Molnupiravir. Dexamethasone-от (kortizon) само ги ублажува симптомите и не е насочен директно кон Sars-CoV-2.

Терапиите со антитела кои моментално се наоѓаат на пазарот мора веднаш да се применат за да се постигне оптимален ефект. Сепак, овие препарати не се одобрени во Германија. Употребата на Bamlanivimaba/Etesevimaba и Casirivimaba/Imdevimaba во Германија е легално можна врз основа на специјална регулатива и претставува индивидуален обид за терапија.