ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ! Првиот симптом на срцев удар се јавува во устата

996

Симптомите на срцев удар може да вклучуваат горушица што предизвикува лош здив и метален вкус во устата.

Срцевиот удар е предизвикан од ненадеен прекин на протокот на крв низ крвните садови на срцето кои го снабдуваат срцевиот мускул со крв, а симптомите кои укажуваат дека сте изложени на ризик од оваа опасна состојба варираат кај мажите и жените.

Покрај затегнатоста во градите која е придружена со мачнина, има и некои помалку очигледни сигнали кои предупредуваат на опасност. Невообичаениот вкус во устата може да укаже на проблеми со кардиоваскуларниот систем и е еден од знаците за срцев удар.

Најочигледен знак за миокарден инфаркт е, се разбира, острата болка во градите. Д-р Марк Перлрот истакна дека симптомите на срцев удар може да вклучуваат горушица што предизвикува лош здив и метален вкус во устата.

Еден од знаците може да биде и „нервозен“ стомак. Исто така, знаците на срцев удар се: чувство на притисок во градниот кош што се јавува периодично, непријатност во горните екстремитети, отежнато дишење, летаргија, замор, вртоглавица.

Специјалисти на британската организација „British Heart Foundation“ ги советуваат пациентите да се обидат да се смират и да земат 300 милиграми аспирин пред пристигнувањето на итна помош.