Ниското ниво на витамин Д кај бебињата го зголемува ризикот од шизофренија

1194

Кај новороденчиња со ниско ниво на витамин Д, во подоцнежниот живот се јавува поголем ризик од шизофренија, открија научници од Институтот Квинсленд Брејн (Queensland Brain)

Истражувачкиот тим користел примероци од крв кај новороденчиња во Данска. Тие споредувале концетрации на витаминот Д кај бебињата кај кои подоцна се развила шизофренија – студијата потврдила дека кај бебињата со ниско ниво на витамин Д се јавува двојно поголем ризик од развој на пореметувањето.

Витаминот Д или „хормон на сонцето“ се јавува како резултат на изложеност на кожата на сонце. Одамна е познато дека тој е добар за развој на коските, но тимот од Институтот открил дека е и важен за здрав развој на мозокот.

Ниското ниво на витамин Д е вообичаен во многу земји. Истражувањата покажале дека голем процент од луѓето со шизофренија се родени во зима.

– Додека ги повторувавме овие анализи, се отвори можност со зголемување на нивоата на витамин Д кај трудниците и бебињата може да се намали ризикот од шизофренија во подоцнежниот период во животот, изјави професорот Џон МекГрат.

– Иако врската меѓу витаминот Д и коските е силна и веќе позната, важен чекор напред е тоа што откривме и врска меѓу витаминот Д и мозокот, рече професорот МекГрат.

Истражувачот др. Дерил Ејлес рече дека „витаминот Д е неопходен за раст на клетките и нивната комуникација со сите органи во телото, така што не е за изненадување што има толку големо влијание врз мозокот.

Шизофренијата е слабо проучено пореметување на мозокот. Главно најпрво се манифестира во млади години, кај младите луѓе. Некои од вообичаените симптоми се присторување гласови и илузии.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk