Светот се дебелее незабележително

1304

Луѓето ширум светот кои се дебелеат, се повеќе од оние чија телесна тежина е под нормалната, а дебелината кај децата и тинејџерите брзо се зголемува најмногу во земјите во развој, соопшти ОН пред вториот годишен Светски ден за борба против дебелината, кој се одбележува денес – 11 октомври, соопшти Ројтерс.

Еве некои податоци поврзани со дебелината:

  • Дебелината во светот е зголемена повеќе од двојно од 1980 година.
  • Во 2014 година над 1,9 милијарди возрасни биле со прекумерна тежина. 13 проценти од нив, т.е. над 600 милиони луѓе, биле дебели.
  • Секоја година 3,4 милиони луѓе умираат како последица на дебелината и прекумерна тежина.
  • Дебелината се зголемува во урбаните зони во земјите со ниски и средни примања.
  • Поголемиот дел од глобалното население живее во земји во кои проблемите поврзани со прекумерна тежина или дебелината, убиваат повеќе луѓе отколку проблемите поврзани со тежина која е под нормалната.
  • 41 милиони деца под 5-годишна возраст биле со прекумерна тежина или дебели во 2014 година.
  • Речиси половина од децата под 5-годишна возраст, кои биле со прекумерна тежина или дебели во 2014 година, живееле во Азија.
  • Во Африка бројот на децата кои се со прекумерна тежина или дебели, прерасна речиси два пати – од 5,4 милиони во 1990 година на 10,6 милиони во 2014 година.
  • Дебелите деца имаат респираторни проблеми и зголемен ризик од фрактури, висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести, инсулинска резистенција.
  • Велика Британија е со највисоко ниво на дебелеење во Западна Европа, па следи превзема Франција, Германија, Шпанија и Шведска, се вели во извештајот од 2013 година.
  • Дебелината во Велика Британија е зголемена повеќе од три пати во текот на последните 30 години, а по сегашните проценки повеќе од половина од населението може да биде погодено од дебелина до 2050 година.