Текстот на една мајка од Србија овие денови предизвика лавина од интересирање и коментари како заради темата со која се занимава, така и заради истите мислења кои преовладуваат меѓу читателите.
Сите се согласуваат дека најголем проблем кај децата денес е масовната употреба на компјутери, таблети, телефони и ТВ приемници. Но, и дека не се проблем децата, туку родителите, кои ги раѓаат здрави и прави, а потоа …
Текстот на една мајка, на оваа тема, предизвика бура во јавноста. Прочитајте и ќе разберете зошто.
“Ќе родиме генијалци, па од нив правиме дебили! Тоа го помислив вчера, кога на шеталиштето ги видов децата на љулашките на жетон. Знаете она, ќе го седнете детето во автомобилче, ќе уфрлите 20 динари во метал и тоа ќе почне да се лулка, пее, клацка и светли? Одлична работа! Во мојот мал град ги има сигурно дваесетина. И тоа е кул. На прошетка сте со дечињата, па малку да ги забавувате. И тоа е во ред. До вчера.
Ги гледам тие лулашки (ги има пет на ова место) и сфаќам: сите тие имаат екран пред себе! А на екранот, претпоставувате, цртан филм!
Ајде да почнеме отпочеток! Значи, родителот/баба/дедо/тетка/ кој и да изнесе тригодишно дете надвор, го изнел од дома. Во која (најверојатно) гледало цртан филм. Со методот оддели го детето од таблетот, облечи го по последната мода и изведи го на воздух е постигнат неверојатен успех – детето е на воздух (со царско лулање и потпевнување) гледа цртан филм! Браво!
Мајка/татко/баба/ тетка стојат до таа царска лулашка и само ѝ недостасува уште палмин лист да го лади младиот принц или волшбната принцеза! Во втората рака држи мобилен телефон. Се разгалува. Или едноставно мора да го исклучи својот мозок. Гледа во екранот или во некоја невидлива точка на асфалтот. И тоа е човечки, да ви кажам. Обидете се вие да ја намалите таа ураганска сила на тригодишниците, па пријавете се да судите.
Значи, не е проблемот во цртаниот филм, ниту во мобилниот телефон или таблетот. Проблемот е во она “Морам да го исклучам мозокот”.
Еднаш одамна (кога веќе ги спомнавме царевите и принцезите), исклучувањето на мозокот не нѝ беше потребно. Се будевме, работевме, се одморавме, а навечер мозокот поради замор сам ќе се гаснеше. Децата, замислете, трчале! А најинтересните цртани филмови биле скалите. Заспивале на патот до дома. Ќе кажете, во тоа време немаше толку стрес? Можеби. Но, едно е сигурно, тогаш стресот нѝ беше гориво.
Во денешната игра, стресот води од самиот почеток. Од оној детски почеток. Затоа што ние така ги учиме нашите деца. Детето е и понатаму дете. Детето ужива. Секоја чест! Тоа знае да живее! А погледни ме мене! И тука трга: готвам, перам, одам на работа, шефот повторно зборува, доцнам со отплата на кредитот, ме притискаат во банка, ме притискаат на работа, ме притискаат дома. Ајде, дете, пушти го цртаниот! Уживај! Еве и тато ќе гледа на телефонот. Цртан? Да, цртаниот на тато. И тогаш сите во дует, терцет или семејно гледаме цртан филм. Фејсбук, Инстаграм, Маша и мечето … Ние сме будали да ви кажам! Ќе родиме генијалци, па ги правиме дебили.
Гледаме како некои луѓе од другата страна на Земјината топка уживаат во базен. Тие се среќни. А не гледаме, бидејќи токму во тој мобилен гледаме, долу на подот малата за прв пат сама реди коцки. Не се лего. Само се коцки. И таа го умее тоа! А малиот (како од водат да пораснал) ги развлекол долгите нозе по тепихот и го расклопува автомобилот. За да види што има внатре. Двајцата лежат на подот и размислуваат.
Таа влегува во собата, има лакирани нокти и уредно исчешлана коса. Ја облекла нејзината тренерка како да се подготвува за час по физичко, го пакува ранецот и значително ги подига веѓите.
Верувајте, како во бајка, со овие магични зборови почнува магијата. Само треба да се сетиме да ги изговориме.
Абракадабра!”