Според повеќето жени возбудата и задоволството поврзани со сексот, се доста високи и за двајцата партнери во почетокот на врската.
Излегува сепак дека посилната половина во врската може да не е толку возбудена колку дамите во однос на случувањата во спалната соба во самиот почеток на врската.
За време на новото истражување специјалисти истражуваат над 1.000 Американци и 1000 Европејци за нивните сексуални преференции и начинот на кој тие се менуваат со текот на времето. Воспоставено е тврдење дека мажите и жените се малку поразлични во однос на нивната сексуална сатисфакција.
На самиот почеток на врската, додека 74% од жените се исклучително задоволни од сексуалниот живот, мажите се помалку возбудени. Само 51% од нив се изјасниле дека биле задоволни во спалната соба во првите шест месеци на врска.
Со текот на времето, сепак задоволството на мажите и жените се чини дека се менува. Додека процентот на сексуално задоволни жени паднал значително – до 47%, меѓу шест месеци и една година во врската сексуалното задоволство на мажите всушност е зголемено до 65% во овој период.
Од друга страна, кај жените потоа се забележува мал пораст во степенот на задоволството, па 56% од учесничките изјавиле дека се среќни од сексуалниот живот две до три години по почетокот на врската.
Но во периодот по повеќе од четири години како мажите така и жените велат дека работите во спалната соба се незадоволителни, и сите пријавиле најниски нивоа на сексуално задоволство.