Витамин Б помага во лекувањето на шизофренија

1623

Дополнителниот прием на витамин Б во третмани од шизофренија може да ги направи да бидат поефикасни, затоа што се намалуваат симптомите отколку лековите се применуваат без него, тврди неодамнешна студија, чии резултати се објавени во Science Alert.

Откако ги проучувале 18 различни клинички теста, научниците откриле дека повисоки дози од витамин Б, како и дози во комбинација со други витамини од Б групата, придонеле за долгорочно зачувување на дејството на конвенционалните лекови за шизофренија.

“Анализата на податоците од клиничките тестови за ефектот од витамини и минерални додатоци на шизофренија покажува дека витаминиот Б навистина ефикасно го подобрувао лекувањето на некои пациенти”, коментира еден од научниците, Џозеф Фирт од Универзитетот во Манчестер во Велика Британија