Создаден начин како да разговарате со вашиот мачор на човечки јазик

325

Т.н. “Catterbox” е направен од 3D печатач и користи микрофон, звучници, блутут (Bluetooth) и wi fi, преку кои телефонот ќе го претвора мјаукањето на домашното милениче во човечки говор.

Со него веќе можете да ги научите и најскриените мисли на вашиот четириножен другар.

Како што можете да си замислите најраспространетите фрази од мачјиот речникот се “здраво”, “нахрани ме” и “погали ме”.

Креаторите на иновативниот речник сметаат дека тој може да биде чекор кон подобрување и олеснување на комуникацијата помеѓу сопствениците и нивните миленици.