ФОТО ПРИКАЗНА за СУРОГАТ МАЈКИ | Оние кои раѓаат за други

612

Погледнете ги овие фотографии. Погледнете малку подобро.

На прв поглед, најверојатно, гледате мајка која го држи своето дете, преполна со емоции. Но, тогаш, ќе забележите друга мајка, која го зема детето од онаа која го родила. Нивната поврзаност и изразите на лицето се неописливи.

Така настана приказната која се крие зад овие фотографии, длабоко во сржта.
Женевив Џорџот, блогерка која ја иницираше приказната наречена “Fifteen: Fifty-One Photography”, објаснува што сакала да ви долови.

За некои, патот до среќата е преполн со пречки и извртен. На некои, им се случува лесно и брзо да дојдат до својата среќа, додека други ја чекаат со години. Радост на родителството спаѓа во таква категорија. Затоа, токму одлучила да сними и да го прикаже патувањето на децата од рацете на сурогат мајката до оние кои сакаат да ги воспитуваат, а не можат да родат. Една од нив е Хелга. Таа со сопругот Кристијан одлучила да имаат дете на овој начин, бидејќи таа никогаш не можела да замисли дека ракот на јајници во тоа ќе ја спречи. Сепак, се запознала со Ејми, која се согласила да ѝ роди дете.

Ејми е мајка на две деца, и затоа била свесна за тоа колку е важно и убаво искуството да се биде родител. Затоа, таа одлучила да им го даде тоа на друго семејство. За време на породувањето се чувствувале како да се целосни странци, но многу поврзани со детето кое одеднаш станало нивниот цел свет. Тие не можеле да веруваат дека тоа го постигнале заедно. Женевив одлучила да ја документира оваа приказна, бидејќи Ејми во последните три години носела пет бебиња за три семејства. А ним им родила девојче по име Џули.

Љубовта е живот. Тоа е она што се обидуваат да го пренесат со овие фотографии, бидејќи без разлика на околностите, детето е дар од небото, и тоа е сè. Едноставно е, без оглед на тоа дали сте се родиле, усвоиле или сте станале сурогат мајка, чувството на држење на малото суштество во прегратка е неописливо. Затоа, и мајките, како Ејми и Хелга, почувствувале вистинска радост со раѓањето на Џули. Тоа е славје која ги поврзала луѓето кои можеби никогаш не се сретнале, но љубовта направила пат. А можеби дури и таа самата е всушност тој пат.

Без разлика дали лесно сте се породиле или не.
Сте се породиле по биолошки пат или со помош на сурогат мајка сте добиле дете.
Долги години сте чекале или тоа брзо сте го постигнале.
Не е важно како, кога, каде и зошто вашето дете е тука, тоа е тука.
А секој родител знае дека тоа станува најважната работа во светот.
Овде и сега. Ништо друго не е важно.