Многу витамини за време на бременоста доведуваат до аутизам!?

83

Ако трудниците прифатат премногу големи количини фолати (витамин В9) и витамин Б12, може да се зголеми ризикот од аутизам за бебето – посочува новото медицинско истражување.

“Истражувањето поставува многу прашања, пред да сме разбрале каква е оптималната доза”, вели Даниел Фолин од универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор.

Резултатите покажале дека за мајките кои имаат високи нивоа на фолати во крвта при раѓањето, ризикот нивното дете да е погодено од аутизам е два пати поголем во споредба со мајките кои се со нормални нивоа на фолати.

За мајките кои се со премногу високи нивоа на витамин Б12, ризикот нивното дете да е погодено од аутизам пак е 3 пати поголем. Ризикот е најголем кај мајките кои се со превисоки нивоа и на фолати, и на витамин Б12 – 17 пати поголем во споредба со мајките кои се со нормални нивоа на витамин В9 и витамин Б12.

Научниците сепак забележуваат дека е отворена само врска, но не е докажано дека високите нивоа на двата витамини го зголемуваат ризикот од аутизам.

Утврдено е исто дека жените кои земаат суплементи фолати и витамин Б12 меѓу три и пет пати неделно, се со помал ризик нивните деца да бидат погодени од аутизам.

Претходните истражувања откриле дека фолатите и витамин Б12 може да го заштити фетусот против идна појава на аутизам. За да го истражат овој ефект, Фолин и нејзините колеги анализирале здравствени податоци за близу 1400 парови мајка-дете од Бостон.

Здравствената состојба на мајките била проследена од раѓањето на нивните деца во периодот 1998 – 2013 година. Истражувањето вклучувало мерење нивото на фолатите во крвта на мајката три дена по породувањето. Научниците констатирале дека 10 проценти од мајките се со премногу високи нивоа на фолати, додека нивоата на витамин Б12 биле премногу високи кај 6 проценти од учесничките.

Заклучивме дека за жените кои се со значително повисоки од препорачаните нивоа на фолати или витамин Б12, ризикот нивните деца да бидат дијагностицирани со аутизам подоцна во животот е поголем, истакнаа научниците.