Најдобра одбрана од вируси е вашиот ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ – Еве како да го зајакнете! Видео

3665

Во групата силни прехранбени антиоксиданти кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот спаѓаат: јагоди, кромид, брокула, црно грозје, маслиново масло, розов грејпфрут, моркови, тиква, лубеница, какао, агруми, црвена зелка, пиперки, кељ, спанаќ, ѓумбир, цвекло, ореви, лешници, семки од сончоглед. Има толку многу намирници богати со антиоксиданти, и сите можеме да ги вклучиме во нашата секојдневна исхрана.

Важно е редовно да јадете. Избегнувајте индустриска храна, сокови и алкохол.

Детоксикација. Елиминирањето или отстранувањето на токсините од телото е важна работа ако сакаме да останеме здрави. Телото честопати е изложено на токсини, згора на тоа, во денешното индустриско доба речиси е невозможно да се избегнат.

Токсините можат да ги оштетат органите, а освен тоа, токсините можат да го ослабнат имунолошкиот систем, што во никој случај не е добро за нашето здравје. Со отстранување на токсините од телото стануваме поздрави и посвежи и нашиот имунолошки систем ќе биде посилен и поефикасен.

За да го исчистите телото од акумулираните отрови кои му пречат и да го стимулирате дигестивниот систем, јадете ги овие овошја и зеленчук во текот на целата недела и пијте многу вода, што ќе ви помогне да ги елиминирате токсините од организмот.

Краставица во просек содржи 95% вода. Конзумирањето краставици помага при плакнење на токсините, истовремено го алкализира организмот и го храни со многу хранливи материи.

Лукот го стимулира црниот дроб и воедно го стимулира производството на детоксикационите ензими.

Брокула, карфиол, прокељ и други зелки и коренест зеленчук. Овие сојузници на црниот дроб изобилуваат со хлорофил, кој е познат „чистач на црниот дроб“, а зелката се карактеризира и со фитохемикалии кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да ги неутрализира и елиминира токсичните материи.

Леќата е исклучително богата со растителни влакна. Леќата помага да се елиминираат токсините и холестеролот, воедно го балансира шеќерот во крвта.

Продолжува на страна 3