Репка – Ротквицата е богата со антиоксиданти и хранливи материи кои содржат сулфур кој е неопходен за детоксикација на организмот. Ротквицата исто така содржи фитонутриенти наречени глукозинолати кои помагаат во активирање и регулирање на детоксикаторските ензими.
Семките од сончоглед не се само високо богати со селен и витамин Е, туку помагаат и во детоксикацијата на црниот дроб и го спречуваат формирањето на холестерол во крвта и артериите. Бидете сигурни, сончогледот е од органско потекло.
Оревите содржат здрави масни киселини омега 3 кои придонесуваат за детоксикација.
Куркумата ја стимулира функцијата на црниот дроб, а сите знаеме дека црниот дроб, меѓу другото, ја прочистува крвта од токсините.
Црниот бибер има вистинско богатство на значајни хранливи материи. Содржи витамини А, Ц и К. Од минералите тука се калциумот, магнезиумот, калиумот, манганот, железото и натриумот. Црниот бибер има карактеристики на природен антибиотик, пред се поради неговиот витамин Ц во својот состав. Овој зачин има диуретични и дијафоретски својства. Поттикнува потење и мокрење што придонесува за елиминација на несаканите и опасни токсини од организмот.
Агруми: портокал, лимон, мандарина, грејпфрут, лимета и многу други.
Салатите обезбедуваат низа материи со висока вредност кои го помагаат метаболизмот, ја зајакнуваат одбрамбената способност на организмот и го „чистат“ телото од отрови.
Вежбање. Вежбањето го прави нашето тело поотпорно и се зголемува циркулацијата на крвта во телото. Вежбањето, исто така, ја подобрува лимфната дренажа, со која се елиминираат токсините од телото.
Вода. На нашето тело му треба вода, особено кога сме болни. Со пиење доволно вода, го чистите вашето тело од токсини, но, исто така го хидрирате вашето тело.
Продолжува на страна 4


















