Дали досега ви се случило да забележите дека личноста со која зборувате ве лаже? Замислете само колку луѓе се потрудиле да го направат тоа, а вие воопшто не сте приметиле.
Отсега, со помош на овие неколку начини ќе успеете да забележите кога некој ве лаже, без разлика дали е тоа колега од работа, претпоставениот, вашиот партнер, пријателката или некоја друга личност.
Начинот на реагирање
Еден од начините за да приметите е преку начинот на кој личноста реагира. Луѓето со голема самодоверба немаат потреба на другите да им се докажуваат, но оние кои се несигурни секогаш се трудат да нагласат колку се самоуверени и тоа е единствениот начин на кој останатите можат да сфатат дека се такви. Затоа, несигурните луѓе постојано се трудат да се покажат како самоуверени, со цел да го надополнат тоа што го мислам и чувствуваат за себеси, а спрема вас се обидуваат да наметнат слика на лажно јас.
Драматично однесување
Драматичното однесување дефинитивно е однесување кое го практикува личност која лаже. На пример, кога преговарате, таа личност постојано ќе зборува како ќе си оди, дека не е задоволна, дека треба да постапите како што таа сака, дека ќе изгубите и слично. Запомнете дека во таквите ситуации личноста најчесто блефира.
Најважно е мислењето на другите
Уште еден начин кој ќе ви покаже дека личноста лаже е заинтересираноста за вашето мислење. Односно, на таа личност многу ѝ е важно каква е вашата слика за неа и дали ќе ѝ успее да помине лагата кај вас.