Никогаш не е доцна да се откажете од пушењето!

278

Здравите белодробни клетки ќе ги заменат оштетените.

Многу луѓе кои пушат долго време веруваат дека нема смисла да се откажат, бидејќи штетата е направена. Оваа студија сугерира дека прекинот на пушењето не само што спречува понатамошно оштетување на клетките, туку исто така може да дозволи клетките кои предизвикуваат рак да бидат заменети со здрави со текот на времето!

Самите бели дробови, како магија, ја отстрануваат штетата од пушењето – објави ВВС. Оваа охрабрувачка статија беше поттикната од новата студија од Велика Британија во која истражувачите ги испитаа белодробните клетки на деца, возрасни кои никогаш не пушеле, пушачи и поранешни пушачи да бараат мутации на ДНК.

Како што се очекуваше, тие открија илјадници мутации во клетките на пушачи и поранешни пушачи, вклучувајќи мутации за кои се знае дека доведуваат до рак. Сепак, тие исто така откриле изненадувачка количина на варијација во примероците на клетките на поранешните пушачи.

Дури и кај луѓето кои пушеле со децении пред да се откажат од цигарите, некои од нивните клетки биле скоро нормални. Ова сугерира дека клетките пораснале откако луѓето престанаа да пушат. Овие нормални клетки не се пронајдени кај сегашните пушачи, според порталот Е-клиника.

Иако студијата е многу мала, ова откритие е охрабрувачко. Таа сугерира дека луѓето кои престануваат да пушат можат да го намалат ризикот од карцином на белите дробови, не само со избегнување поголема штета, туку и затоа што некои клетки кои предизвикуваат рак се заменуваат со здрави со текот на времето.

Ова покажува дека никогаш не е доцна да се намали или да се започне да се менува штетата предизвикана од пушењето – иако колку побрзо запрете, толку се поголеми шансите да избегнете болести како рак.

Откажувањето од пушење исто така може да ви помогне да се чувствувате помалку под стрес, да дишете полесно и да имате подобра кожа и побели заби.

Истражувачите кои ја спроведоа студијата беа од институтот „Vellcome Trust Sanger“, Универзитетски колеџ во Лондон и Универзитет Кјото во Јапонија, а студијата беше објавена во рецензираното научно списание „Nature“. Повеќето наслови во извештаите на британските медиуми го содржеа зборот „магија“ за да го опишат растот на здравите клетки откако луѓето престанаа да пушат. Тоа е затоа што научниците сè уште не разбираат како се случува ова.

Ова беше експериментална студија која користеше генетско секвенционирање на примероци од белодробни клетки земени од 16 лица. Генетското секвенционирање е техника што им овозможува на истражувачите да ги проучуваат индивидуалните ДНК молекули кои ги сочинуваат клетките. Експерименталните студии се обично мали, што значи дека нивните резултати се помалку сигурни од поголемите студии. Но, тие им помагаат на научниците да разберат како работи телото, што може да им помогне да дадат добар здравствен совет и да осмислат подобри третмани во иднина.