Прегледот на претходните студии за брусницата го потврдуваат старото и добро познато правило – брусницата е моќен лек за превенција и третман на уринарните инфекции.
За потребите на новата студија, тимот предводен од д-р Chih -Hung Wang од Националната Тајванска Универзитетска болница разгледал и сумирал 10 студии за брусницата објавени во списанието “Архива на интерната медицина”
Студијата вклучуваше вкупно 1500 учесници на кои секојдневно им е давана брусница, или плацебо или ништо од горенаведеното. На крајот на секоја студија, бележени беа резултатите од секоја група. Во некои студии, учесниците дневно земале мали количини на брусница во капсули (1 грам), некои земале 200 ml сок од брусница, додека некои земале и од двете.
Севкупно, беше забележано 38 % намалување на стапката на уринарните инфекции кај учесниците кои земале еден од понудените извори на брусница, во споредба со учесниците кои воопшто не земале брусница. Кај жените со историја на инфекции на уринарниот тракт, а кои земале производи од брусница е забележано дека имаат речиси 50 % помалку шанси да развијат инфекции во споредба со оние што не примале ништо.
“Ова е само потврда на науката за она што нашите мајки нѝ зборувале со децении”, вели д-р Deborah Wing, истражувач од Универзитетот во Калифорнија.
Научни докази за ефективноста на брусницата
Соединенијата од брусница имаат способност да ја менуваат бактеријата E. coli, така што тие ја оневозможуваат да започне инфекцијата. Ова сознание е резултат на една студија спроведена на Worcester Polytechnic Institut, предводена од д-р Terri Camesano, хемиска инженерка. Студијата покажува дека танините (проантоцијаниди), кои се наоѓаат во брусницата влијаат на E. coli на начин што ја спречуваат нејзината адхезија/слепување на клетките во телото и тоа така што ја менува формата на бактеријата од форма на прачка во сферична форма, ја менува нивната клеточна мембрана така што ја менува E. coli од грам негативна бактерија во грам позитивна и го попречува контактот со клетките, така што бактеријата ја губи способноста да лачи индол, молекула вклучена во бактериската комуникација која одредува кога постојат доволно присутни бактерии да се води успешна комуникација.
Продолжува на страна 2