Прегратките се многу поважни за жените во однос на мажите, покажаа резултати од ново истражување.
Секако има бенефиции од топлата прегратка, но на жените всушност им е повеќе потребна за да го зачуваат здравјето.
Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина откриле дека прегратките го регулираат нивото на окситоцинот.
Исто така, прегратките го редуцираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести.
Овие резултати се покажаа точни посебно за жените, но и мажите ја имаат оваа предност.
Добрите вести продолжуваат – прегратките ги ослободуваат и емоционално позитивните нервни клетки. Вие всушност ширите среќа кога прегрнувате некого.
Прегратката го намалува бројот на отчукувањата на срцето и ги намалува стравовите. И едноставно, добро е чувството кога некој ве прегрнува.
Пријателската поддршка е исклучително важна за здрав и урамнотежен живот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















