Правила за родители и за оние кои планираат тоа да бидат | Педагог Д-р. Јануш Корчак

201

Никој не би можел да остане рамнодушен на животната приказна на Јануш Корчак, Полјакот кој неколкупати одбил да биде спасен од смртта во концентрационите логори и загинал заедно со децата од домот за деца во кој бил директор.

Јануш Корчак е познат полски педагог, педијатар и детски писател, кој 30 години раководел со дом за деца без родители што сам го основал. Едуцираниот Евреин е познат по својата работа во областа на детскиот развој и психологијата.

Јануш умрел во 1942 година откако претходно трипати одбил да си го спаси животот и останал докрај покрај децата за кои се грижел.

Во август 1942 година, германските војници дошле во домот за да ги пренесат сирачињата во логорот Треблинка. На Корчак му била дадена шанса да ги остави децата и да се спаси.

Според непотврдена сторија, вака течел разговорот на војникот со Корчак:

– Вие ја напишавте „Кралот Матиуш“? Ја читав таа книга кога бев дете. Добра книга. Слободен сте.

– А децата?

– Децата заминуваат. Но вие можете да го напуштите вагонот.

– Грешите. Не можам. Не се сите луѓе гадови.

Според други извори, на војникот му било наредено да му понуди на Корчак да се спаси. Едно е сигурно – Корчак без размислување ја отфрлил можноста да ги напушти децата и продолжил со нив кон смртта.

Трогателен е и фактот што Корчак им рекол на децата дека ќе одат на излет на село. Речиси 200 радосни сирачиња биле облечени во најубавата облека и ја носеле во рацете омилената играчка или книга кога биле транспортирани до логорот во кој згаснале нивните животи.

10-те правила на Јануш Корчак

Продолжува на страна 2