Правила за родители и за оние кои планираат тоа да бидат | Педагог Д-р. Јануш Корчак

1789

10-те правила на Јануш Корчак

  1. Не очекувајте вашето дете да биде како вас или онакво какво што вие сакате да биде. Помогнете му да стане не како вас, туку како себеси.
  2. Не барајте од детето да ви се оддолжи за сè што сте направиле за него. Вие сте му дале живот, како би можело да ви се оддолжи за тоа? Детето ќе му даде живот на друга личност, таа на трета… тоа е неповратниот закон на благодарноста.
  3. Не ја излевајте лутината врз вашето дете за да не јадете горчлив леб на стари години. Она што ќе го посеете, тоа и ќе никне.
  4. Не ги потценувајте проблемите на вашето дете. Секому е даден живот според неговите сили и бидете сигурни дека на вашето дете му е тешко, можеби и потешко одошто ви е вам, затоа што тоа нема животно искуство.
  5. Не го понижувајте вашето дете!
  6. Не заборавајте дека најважните средби во животот на човекот се средбите со децата. Посветувајте им повеќе внимание на вашите деца, бидејќи не можете да знаете кого среќавате во вашето дете.
  7. Не се измачувајте себеси доколку не можете да направите нешто за вашето дете. Само запомнете, она што сте го направиле е недоволно доколку не сте направиле сè што сте можеле да направите.
  8. Детето не е тиранин кој ќе завладее со вашиот живот. Тоа не е само ваша крв и месо, туку е скапоцена чаша, која животот ви ја дава за во неа да развивате креативен оган. Детето е ослободена љубов од мајката и таткото кои ќе растат душа која им е дадена за да се грижат за неа.
  9. Научете како да ги сакате туѓите деца. Никогаш не им го правете на туѓите деца она што не сакате да му биде направено на вашето.
  10. Сакајте го вашето дете без разлика какво е тоа – неталентирано, неуспешно или возрасно. Радувајте се кога комуницирате со него, бидејќи детето е празник додека е со вас.