Светот се загрева, а последиците се посериозни | „Со живот плаќаме“

744

Почестите топлотни бранови може да го загрозат снабдувањето со храна, но и животите на милиони луѓе.

Здравствените проблеми и смртните случаи од високите температури стануваат се почести како што се загрева планетата, соопшти во меѓународна група здравствени експерти, предвидувајќи дека до средината на векот топлината ќе убива 370 отсто повеќе луѓе годишно.

Светот е веќе 1,1 степен потопол од прединдустриските нивоа, поради што минатата година во просек имало 86 дена со опасно високи температури ширум светот, се вели во извештајот објавен во здравствениот журнал Lancet.

Најзагрозени се лицата над 65 години од топлотен удар, а бројот на смртни случаи поради високите температури во оваа возрасна група е зголемен за 47 отсто во последната деценија во однос на периодот од 1991 до 2000 година.

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од сто експерти од 52 институции и агенции на Обединетите нации, ја продлабочува загриженоста за здравствените последици од глобалното затоплување.

Студијата објавена претходно оваа година заклучува дека околу 61 илјада луѓе починале во текот на летото 2022 година поради топлотни бранови, пренесува Reuters.

Плаќаме со живот, предупреди водителката на извештајот Marina Romanello, зборувајќи за недоволното дејствување на светот по прашањето за климатските промени.

Извештајот на Lancet исто така наведува дека изложеноста на топлина во 2022 година довело до 490 милијарди помалку работни часови, или 42 отсто во споредба со периодот од 1991 до 2000 година.

Почестите топлотни бранови би можеле да го загрозат снабдувањето со храна за уште 525 милиони луѓе, се предупредува.

Меѓународниот состанок на Обединетите нации за климатски промени COP28, кој започнува во Дубаи на крајот на месецот, за првпат ќе ги разгледа здравствените последици од глобалното затоплување.