Што не треба да правите: Само да зборувате – ти си толку паметно дете
Убаво е да се биде паметен, но не и нешто што детето може да го контролира. Ако почне да мисли дека сите негови успеси настанале од вродената интелигенција, нема да се смета заслужно за своите успеси. Пофалете ги децата за работи кои не можат да ги контролираат – колку се труделе, за нивните ставови, какви се ученици и пријатели. Кога децата ќе станат горди на овие работи, ќе работат на тоа да ги подобрат уште повеќе.
Што да се прави: Ограничете го времето пред екраните на паметен начин
Ако гледањето телевизија или играњето игри го одложувате после пишување задачи, повеќето деца ќе брзаат со пишувањето на домашната задача и ќе вложат минимум. Тоа време треба да го одложите по вечерата или подоцна во вечерните часови, без разлика на сѐ. Иако тоа можеби ќе бара прилагодување во вашиот дом, ќе се исплати.
Што треба да направите: Да одредите вистинското време за домашна задача
За помладите деца, тоа ќе биде во веднаш после училиште или по 30- минутната пауза. Тие имаат помалку домашна задача и порано одат на спиење. За постарите деца, најдоброто време би можело да биде пред вечерата, после вечера или пред спиење. Како што децата растат, подоцна ќе ја пишуваат домашната задача. Пронајдете време кое им одговара и држете се до тоа.
Што треба да направите: Фокусирајте се на рутината, не на наградите
Не ги наградувајте децата за работи кои и онака треба да ги направат, како што се домашните задачи. Ова е многу добра вест за некој чии деца мислат дека наградата треба да биде повеликодушна со секое ново достигнување. Истражувањата покажуваат дека во такви случаи, штом ќе престане наградата и мотивацијата исчезнува. Многу е подобро да се воспостави рутината која промовира конзистентност и организација.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















