Алтернативни методи за лекување (AML)
Секоја емоција има свој орган: Од преголема возбуда страда срцето, грижите се рефлектираат на слезината, од постојаниот страв страдаат бубрезите, а од тагата белите дробови.
Кога сме под стрес, имаме “стомачен грч“, кога од тага плачеме се “гушиме во солзи”, а кога нешто ќе не преплаши “се тресеме од страв”. Емоциите се тесно поврзани со физичкото здравје, а многу болести се предизвикани од потиснување на чувствата.
– Сè доаѓа од мислите, од кои се раѓаат емоциите, а тие делуваат на телото така што ја зголемуваат работата или на симпатикусот или на парасимпатикусот. Овие два дела на автономниот нервен систем може да доведат до дисбаланс што предизвикува физичка болест, објаснува д-р мед. Мери Бура. Докажано е дека емоциите, како што се стравот и депресијата, во телото предизвикуваат многу различни хемиски реакции, од оние кои предизвикуваат среќа и задоволство.
Задушување на чувства
Но, тоа не значи дека доброто здравје подразбира живот во совршени услови – не е толку важно што се случува околу вас, колку што е важна вашата реакција на животните настани, велат експертите. Невозможно е да се контролираат емоциите, но можно е да се научи тие да се прифатат, да се набљудуваат и да се учи од нив. Тие покажуваат што се случува внатре во вас и треба да ги слушате. Сепак, емоциите не се единствената причина за болести – некои психолози тврдат дека за развојот на болестите во 75 проценти од случаите се одговорни потиснатите емоции, а остатокот припаѓа на генетиката.
Соочување е секогаш најдобро решение
Емоциите се систем за предупредување. Тие се најсигурен индикатор за она што навистина се случува во животот на човекот и го покажуваат патот кој треба да се следи. Иако справувањето може да биде тешко, тоа е најдобро решение на долг рок.
Бегство води кон болест
Игнорирањето или потиснувањето на емоциите предизвикува сериозни болести како што се рак, артритис, како и бројни хронични болести. Често постои чувство на депресија кое уште повеќе го комплицира третманот и заздравувањето.
Препознавање на системот на уверувања
Емоциите се базираат на верувања од детството. Системот на уверувања кој се формира до седмата година на детето одредува како, некој како возрасен ќе го види светот и ситуациите околу себе. Штом некој ќе ја разбере и препознае својата шема на уверувања, тој со поголема веројатност ќе се соочи со мислите заради кои постојано се движи во волшебниот круг.
Секоја емоција има сопствен орган
Постојат седум основните емоции – бес, среќа, загриженост, замисленост, тага, страв и шок, а секоја е поврзана со функционирањето и здравјето на органите.
Штом се појави нерамнотежа во работата на органите, тоа е знак дека чувствата почнале да влијаат на здравјето. Но, тоа функционира и во друга насока. На пример, ако црниот дроб акумулира премногу токсини, ќе се појави гнев, и човекот е раздразлив од непознати за него причини. Исто така, гневот ќе предизвика нерамнотежа во функционирањето на црниот дроб и тоа станува маѓепсан круг.
Лутината е поврзана со замерување, фрустрација и лутина, и ако не се соочи со неа, може да биде причина за главоболки, вртоглавица и висок притисок. Луѓето се склони на гастритични проблеми, поради задушениот гнев ќе страдаат од гастритис или чир на желудник.
Ако се потиснуваат загриженост и анксиозност, тоа ќе предизвика лоша дигестија, надуеност по оброкот, грчеви и болка во абдоменот. Прекумерната загриженост, исто така, ќе предизвика проблеми како што се затвор или синдром на нервозно дебело црево.
Среќа – срце
Премногу возбуда, дури и она која ја сметаме за позитивна, како организација на свадба, може да предизвика нервоза, анксиозност, несоница и прескокнување на срцето. Тие симптоми обично укажуваат на емоционална нестабилност. Оние кои секогаш бараат возбуда, исто така, спаѓаат во оваа група.
Грижа – слезина
Прекумерната загриженост станува нормална за денешното општество исполнето со стресни ситуации. Но, голема грижа, исто така, влијае на правилното функционирање на слезината. Иако конвенционалната медицина има тенденција да ја превиди важноста на овој орган, важно е да се напомене дека дисфункција на работата на слезината може да доведе до дигестивни проблеми, како што се проблеми со варењето, а во некои случаи причината за хроничниот замор е токму нарушување на правилното функционирање на овој витален орган.
Страв – бубрези
Емоција на стравот е поврзана со бубрезите. Нормално е да се чувствува повремено страв, но кога состојбата на стравувањето станува хронична, таа почнува да влијае на здравјето. Ненамерно мокрење е најчестиот знак на нарушувањето, па дури и кај децата, мокрењето во креветот може да биде резултат на прекумерен страв од нешто или некој. Долготрајната состојба на страв води кон хронична слабост и замор.
Замисленост – слезина
Премногу размислување за нешто влијае врз функционирањето на слезината. Тоа предизвикува чувство на меланхолија и недостаток на концентрација. Лицето кое страда од премногу промислување може да доживее симптоми како што е нискиот апетит, може да заборави да јаде или да има чувство на надуеност после оброк. Сето ова може да се појави поради слабото функционирање на слезината.
Шок – срце
Шокот не е поврзан само со еден орган, но поради тоа што е неочекуван, најмногу влијае врз срцето и бубрезите. Во состојба на шок, лицето ќе ја доживее состојбата на екстремна подготвеност да се бори или да избега благодарение на лачењето на адреналинот. По шокот, се појавува прескокнување на срцето, анксиозност и несоница. Долготрајната состојба на шок предизвикува сериозни несакани ефекти врз целото тело и предизвикува нарушувања како што е ПТСН.
Тага – бели дробови
Луѓето кои се соочуваат со долги периоди на тага обично се чувствуваат уморни, страдаат од недостаток на воздух или чувство на стегање во градите, подложни се на настинки и грип, напади на астма и проблеми со кожата. Луѓето кои се во период на жалост, честопати плачат, и сето тоа може да предизвика депресија.
Заробени во потиснување
Настаните со кои не сакаат да се соочат, луѓето често решаваат да се однесуваат како да не се случиле, затоа што не сакаат да ја проживуваат болката која ја носат.
Емоциите, исто така, остануваат во телото сè додека не одлучат да се справат со нив, и оние чувства кои траат долго во телото предизвикуваат физички болести. Како што голтањето емоции одзема многу енергија, така на телото му недостасува “гориво” за други активности. Сето тоа предизвикува чувство на хроничен замор, депресија и желба за осаменост. Исто така, постои потреба да се пополнат празнините, така што луѓето често посегнуваат по храна, алкохол, дрога или секс. Но, тоа се краткорочни решенија. Соочувањето со трауматски настан ќе ги отстрани лошите емоции и болка.
Во “Па, тоа и не е многу важно”, се крие стапица
Соочете се со “бесмислени” повреди бидејќи, често под маската на неважното се крие она што навистина нè повредило. Неразрешените проблеми ве спречуваат да продолжите понатаму.
Не се прејадувајте ако сте тажни, поразговарајте со некого
Обидете се да дознаете која е емоција во позадината на потребата за прејадување, опивање или попатен секс. Посветете се кон решавање на скриените емоции, наместо да ги “лекувате” со компулсивно однесување.
Избегнување на емоции
Начините за избегнување на работата на себе и справување со емоции често се манифестираат како различни форми на компулсивно однесување.
- игнорирање на емоции
- преправање дека нешто не се случило
- прејадување
- јадење слатки и масна храна
- претерувања со алкохолот
- злоупотреба на дроги
- земање лекови за смирување
- компулсивно вежбање
- било каков вид на компулсивно однесување
- претерување во сексот
- окупирање со работа
- континуирана анализа на ситуацијата
- прекумерно читање или гледање телевизија
- работохолик
- спроведување површни разговори
- маскирање гнев во смиреност
Симптомите на игнорирање
Потиснување на емоции одзема многу енергија што предизвикува замор и депресија, како и бројни физички и ментални нарушувања.
- замор
- депресија без очигледна причина
- зборување за сè, освен за себе
- однесување како да ни` е сеедно
- избегнувајте разговор за чувствата
- губење на трпеливоста заради бесмислени работи
- постојано чувство на грч во желудникот
- чувство на гнев неколку дена по настанот кој го предизвикал
- со партнерот не зборувате за себе
- тешкотии при зборување за себе
- проблематични односи со блиски лица
- недостаток на мотивација
- летаргичен став
- тешкотии со прифаќањето на себеси и на другите
- претварање дека сме однадвор среќни, додека всушност одвнатре сме навистина тажни
Запиши и ослободи ги емоциите
Почнете да водите дневник на емоции – запишете сè што ви паѓа на ум, без премногу размислување, за потсвеста да ја презеде улогата.
Запишувањето може да помогне да се идентификуваат и да се олеснат емоциите, па така за почеток, дневник водете десетина минути на ден. Опишувајте како се чувствувате во тој момент и препуштете се на она што ќе излезе на хартија и не се чувствувајте виновни за она што го чувствувате. Наскоро ќе забележите дека емоциите се менуваат на подобро. Но, ако имате чувства на длабока вознемиреност, побарајте совет од психолог или психијатар.
Збор на експертите: Мери Бура, д-р мед.
Промени на животниот стил ќе донесат позитивни промени
Повеќето болести се предизвикани од потиснување или игнорирање на емоциите. Се разбира, од таа група се одделуваат повредите и болестите предизвикани од нетолеранција на различни отрови кои нè опкружуваат во воздухот кој го дишеме, храната која ја јадеме и речиси на сè околу нас. Треба да бидете свесни дека потиснатите емоции се предизвикувачи на сериозни болести и дека треба да работите на тоа. Можно е, се разбира, да се одлучите да се лекувате од многу сериозна болест и со систематска работа на тоа во тоа и да успеете. Но, веќе и мали промени во навиките ќе имаат позитивен ефект врз здравјето. Една од основните работи на која треба да се обрне внимание е исхраната, а со индивидуализиран пристап кон исхрана и дисциплина може многу да се промени. Покрај тоа, постојат различни техники за справување со емоции, во зависност од личноста на пациентот. На некои ќе одговора пишување на дневник, а на некои разговор со психолог. Добар начин за решавање на стресот е и јога, бидејќи таа посветува посебно внимание на здивот и на разни техники на дишење со кои многу можете да направите за вашето здравје.
Доверете му се на пријателот
За да ослободите потиснати емоции, изговорете ги. Кажете му на некој (пријател, член на семејството, психолог) секој детал за настанот што те прогонува. Така ќе добиете поздрава перспектива на ситуацијата. Не го прераскажувајте на сто други страни затоа што на крајот ќе му замерите на оној кој што ве повредил.
Ослободете било каков приговор
Простувањето не е нешто што го правите за другиот, туку за себе. Тоа едноставно значи дека се ослободувате од негативните емоции – сте ги почувствувале, проживееле и сте ги ослободиле. Простувањето (заборавањето), меѓутоа, не значи дека лицето кое те повредило сега мора да биде најдобриот пријател.
Држете се настрана од ситуацијата и емоциите
Кога сте во силна емоционална состојба, обидете се да се тргнете од ситуацијата. Тоа е најлесно да се направи ако замислите дека ситуацијата му се случува на некој друг. Оддалечување од ситуацијата овозможува рационален поглед на она што се случува.