“Сакај го своето дете какво и да е – неталентирано, несреќно и кога ќе порасне. Радувај му се, во своето обраќање, затоа што детето е празник сѐ додека е со тебе“- е едeн од советите на познатиот полски педагог Јануш Корчак. Дознаjте и за останатите совети!

Првиот пат тоа се случило кога Јануш одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, за Домот на сирачињата да не го остави на судбината и на волјата во пресрет на ужасните настани. Вториот пат, кога тој одбил да избега од варшавското гето. Третиот пат било вака: кога сите жители на Домот на деца без родители биле веќе во возот подготвен да тргне во логор, на Корчак му пришол еден СС-офицер и го прашал:
– Дали вие го напишавте: “Кралот Матијуш”? Книгата ја прочитав во детството. Не е лоша книга. Слободни сте.
– А децата?
– Децата не се. Но, вие можете да го напуштите вагонот.
– Грешите. Не можам. Не се сите луѓе гадови.
По овие зборови за Јануш Корчак не треба да се каже ништо. Нам нѝ останува само да се потсетиме на неговите 10 принципи на образованието:
- Не очекувајте од детето да биде како вас или како што вие би сакале тоа да биде. Помогни му да не стане како ти, туку како тоа самото.
- Не барај од детето надомест за сѐ што си му дал. Му го даде животот, како би можело тоа да се врати? Тоа ќе му даде живот на некој друг, а тој другиот ќе го даде на третиот – тоа е неповратен закон на благодарност.
- Не искажувај лутина на детето, за во длабоката старост да не ти биде горчливо парче леб. Бидејќи, тоа што ќе посееш, тоа и ќе никне.
- Не гледај во неговите проблеми како да се незначителни. Животот на секој му е даден според неговата сила и затоа верувај дека нему не му е полесно отколку на тебе, а можеби му е уште потешко, бидејќи нема искуство.
- Не понижувај!
- Не заборавај дека најважни се средбите на еден човек – неговите средби со децата. Обрнувајте повеќе внимание на нив – никогаш не знаеме кога тоа сме го сретнале кај детето.
- Не се мачи ако нешто што можеш да направиш за своето дете, само сети се: за детето не е направено доволно ако не е направено сѐ што може да се направи.
- Детето не е тиранин кој завладеал со твојот живот, а не ниту само плод од крвта и телото. Тоа е драгоцен трофеј кој ти го доверил животот да го заштитиш и во него да го одржуваш креативниот пламен. Тоа е ослободувачка љубов на мајката и таткото кои не го растат “нашето” дете, туку душата која им е дадена на чување.
- Научи како да го сакаш детето на некој друг. Никогаш не му го прави на туѓото дете она што не би сакал некој да му го прави на твоето.
- Сакај го своето дете какво и да е – неталентирано, несреќно и кога ќе порасне. Радувај му се во секое обраќање, затоа што секое дете е празник сѐ додека е со тебе.
(Telegraf.rs / Извор: Detinjarije.com)



















