Ништо од маратонскиот секс | Од 19 минути, повеќе од половина е за предигра!

1878

Многу припадници на посилниот пол се фалат со издржливост во креветот, но се чини дека лажат кога зборуваат за маратонски секс.

Така барем би можело да се заклучи врз основа на истражувањето на британскиот производител на секс играчки, кој сакаше да знае колку долго луѓето имаат секс.

Дури 4.400 испитаници покажале дека луѓето во просек имаат секс 19 минути, од кои 10 “отпаѓаат” на предиграта.

Интересно е дека секој четврти маж мисли дека сексот е премногу краток, што е веројатно резултат на “бомбардирањето” со текстови дека жените сакаат долго водење љубов.

Всушност, само 15 отсто од жените би сакале игрите во кревет да траат подолго.

Секоја друга жена кажала дека 19 минути е совршено време, па сексолозите го советуваат посилниот пол да се опушти и да не приоѓа кон љубовта како кон натпревар кој од нив бара одреден резултат.

Исто така, можно е вашата партнерка да не спаѓа во просекот, па затоа е добро отворено да зборувате за сите аспекти на сексот, вклучувајќи го и прашањето дали сака пократко или подолго уживање.