Сега кога наполнив 50 години ја сфатив вистинската вредност на животот

38552

Image result for At 50 years of age, I realized the true value of life

Престара сум за неудобни чевли

Дури сега гледам дека ништо во животот не ме ограничува. А моето движење со години ми го ограничуваа високите потпетици. Не можев да се движам со темпото кое го сакав. Отсекогаш нешто ме стегало, нанесувало болка … Сега носам само удобно и тоа е тоа! Среќна сум кога ќенајдам две исти чорапи додека ги облекувам …

Престара сум за да се извинувам за нередот во куќата

Свињарник ми е во куќата, бидејќи имам попаметна работа отколку да чистам. Ете, затоа вака изгледа, а таа никогаш не била чиста “како аптека!”

Престара сум за натрупување ствари во куќата

Не собирам и не чувам повеќе ништо. Да не почнав на време да фрлам некои стари документи, кутии, гардероба, досега во куќата не ќе имаше место за мене. Спомени ги чувам исклучително во својата глава.

Престара сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат

Зошто да се трпат некои младинадежи кои ми ги корнат нервите. Далеку се од она вистинското. Имам доволно години да знам кој ми одговара, а кој не. Оној кој не ми одговараповеќе никогаш нема да ме види со очи.

Престара сум да наоѓам само добрина во секој човек

Зошто залудно трошење на време? Сите луѓе, ако гледаме по делата – не се добри. Тоа е толку едноставно. Ако некој има направено нешто лошо, а тоа го сторил од лоши намери, нема шанси повеќе да го оправдувам. Делата зборуваат повеќе од зборовите. Сега сум доволно стара само да кажам: “Мил мој, ти (за сега) не си добар човек!” –и продолжувам понатаму.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.