Пијалаци кои ги регулираат хормоните кај жените 

3698

Кога размислувате за хормоналното здравје, што прво ви паѓа на ум? Таблети? Не би требало, затоа што постојат ефикасни природни средства.

На тема избалансирано хормонално здравје со годините станува сè поактуелно. Доаѓаат на ред скапи лекови и бескрајни консултации со гинеколог. Веднаш обидете се да ја спречите потребата за лекови кои ги регулираат хормоналните промени кои доаѓаат со текот на времето!

Ова се три рецепти на природна база кои ќе го стабилизираат лачењето на хормоните

Топла вода со лимон

Топла вода со лимон придонесува за намалување на телесната тежина, ги отстранува отровите од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето, затоа што лимонот влијае на хормонот на ситоста – лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да произведува масти. Лимонот помага да се избегне дехидрација и го подобрува варењето.

Зошто е добро денот да го започнете со лимон и вода

♦ Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го одеднаш. Утрото подбро ќе го започнете со овој пијалок.

Чај од лисјата на малина

Листовите од малини се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдиле дека ова растение има корисен ефект врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста, немаат потешкотии при породувањето.

♦ Рецептот е, исто така, едноставен: Прелијте една супена лажица лисја од малина (може да се користат и суви) со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Овој чај подобро да го пиете во текот на денот, но не пред спиење.

Златно млеко 

Златното млеко го подобрува имунитетот и го изедначува нивото на хормоните во телото. Овој пијалок затоплува, релаксира и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло, и засладувачи, кои претставуваат корисна комбинација за регулирање на хормони и генерално благотворно влијае врз организмот.

Ајурведа ја смета куркумата за активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогените.

♦ Рецепт: во 200 мл топло млеко додадете половина лажичка куркума и една лажичка масло од кокос. Можете да додадете мед, по вкус. Овој пијалок, подобро е да се пие во вечерните часови.

“Златен мед” – најсилниот природен антибиотик

Препорачуваме да го започнете утрото со топла вода со лимон, чај од малина пијте го во текот на денот, а пред спиење почастете се со топло златно млеко.