Во ноќта помеѓу 12 и 13 февруари 1978 г. за време на летот B-707 од Југославија за Австралија, во авионот на ЈАТ се породила Марија Тодева од Македонија.
Тоа е еден од првите вакви случаи во историјата на воздушниот сообраќај. Бебето, кое тогаш го добило името Јатко во чест на авиокомпанијата, сега е семеен човек.
Мака му Марија тогаш имала само 18 години. Таа во осмиот месец од бременоста се качила на авионот кој летал од Белград за Сиднеј.
Таму ја чекал нејзиниот сопруг, кој пристигнал во Австралија неколку месеци порано, во потрага за подобар живот. Два часа пред слетувањето започнало породувањето. Стјуардесата и пилотот ја однеле родилката од другите патници и ѝ помогнале да роди здраво машко дете.
Јатко е единствениот човек во светот чие родно место е регистрирано во авионот – IU-AGI. Јатко потоа добил доживотно право да лета бесплатно со ЈАТ до било која дестинација во светот.

Верувале или не, Јатко никогаш не го искористил овој подарок, тој останал во Австралија, во Сиднеј, каде што се уште живее и работи…