Малите и глупави навики кои ја влошуваат вашата врска

260

Малите и глупави навики на почетокот изгледаат неважни, па понекогаш и смешни. Но, со текот на времето може да кулминираат во уништување на врската.

Погледнете некои од навидум безопасните навики кои постепено ја влошуваат вашата врска.

Не зборувате за проблемите

Ако не зборувате за проблемите со цел да избегнете расправии, вие ризикувате проблемот да стане поголем во иднина. Кога нешто не е во ред, кажете му на вашиот партнер за што побрзо да дојдете до решение.

Се преправате дека се согласувате

Кога го правите ова, вашиот партнер добива лажна слика за вашиот карактер. После некое време партнерот ќе почне да очекува работи од вас без вие да знаете. Ова може да биде причина за многу недоразбирања. Секогаш е важно да бидете искрени за своето мислење.

Премногу се шегувате на сметка на партнерот

Шегите се забавни на почетокот, но ако ја преминете границата и шегите ги претворите во навреди, ќе ја уништите вашата врска. Понекогаш и невината шега може да предизвика партнерот да се чувствува лошо. Затоа, внимавајте на вашите зборови.

Постојано жалење

Постојат луѓе кои не се задоволуваат со ништо, па постојано се жалат. Овие луѓе е тешко да ги задоволете бидејќи секогаш очекуваат премногу. Немојте да бидете оваа личност во вашата врска.

„Казнување“ со молчење

Овој систем на решавање проблеми ниту е ефективен ниту пак е пријатен. Ако сте гневни на партнерот, најдобро е да му кажете за да го решите проблемот. Комуникацијата е тајната за здрава врска.

Продолжува на страна 2