Малите и глупави навики кои ја влошуваат вашата врска

1762

Создавате сцени во јавноста

Постојат луѓе кои сакаат да го покажат приватниот живот правејќи вистински сцени во јавноста. Ако не се согласувате со партнерот, тоа нека остане меѓу вас. Никој не мора да знае. Тоа е ваш проблем, и само вие двајцата можете да го решите.

Не се грижите за себе

Невозможно е да сакате некој ако не се сакате себе. Вашата врска почнува со вас и не можете да го дадете најдоброто од себе ако не водите грижа за вас. Ако не сте свесни за вашите потреби, не можете да ги знаете и оние на партнерот.

Ги помнете и се навраќате на старите расправии

Ова е можеби најлошото нешто во врската. Нема потреба да се навраќате на проблемите кои сте ги решиле со цел да го обвините партнерот. Ова секогаш резултира со бесконечно обвинување и наместо да живеете во сегашноста, вие постојано сте фокусирани на минатото.

Кажувате „пола вистини“

И најгорчливата вистина е секогаш подобра од слатките лаги, бидејќи е навистина болно да дознаете дека личноста која ја сакате ве лажела. Кога целата врска ќе ви биде заснована на мали лаги, таа нема долго да трае.

Мислите само на себе

Покрај вашите, треба да се грижите и за потребите на партнерот. Кога врската се врти само околу една личност, таа се претвора во борба за егото наместо во романтична врска.