Зошто жирафите имаат долг врат?

1124

Досега се сметало дека еволуцијата го продолжила вратот на жирафите за да можат да посегнат по лисја до кои долгите тревопасни животни не можеле да пристапат.

Сепак, новите откритија повторно ја разгореа дебатата на научниците на оваа тема.

Истражувањето засновано на пронајдените остатоци од черепот и пршлените на древен тревојад уште еднаш поттикна дебата за тоа дали жирафите имаат долг врат поради исхраната или поради тепачки околу женките.

Се испоставило дека вратот на овој примерок налик на жирафа навистина се користел за борба. Фосилизираните коски биле откриени во северна Кина пред повеќе од 20 години од палеонтологот Јин Менг, сега куратор во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк.

Новата анализа на наодите на Менг и неговите колеги ги утврди карактеристиките на цицачите кои би можеле да ни помогнат подобро да ги разбереме силите вклучени во развојот на уникатната анатомија на жирафата.

Именуван по митскиот еднорог-коза во кинеската митологија, откриено е дека новоопишаниот Discokerik kiezhi е древен член на суперсемејството на жирафи што шетале низ миоценската савана пред околу 17 милиони години.

Она што најмногу се издвојува кај овие дискокерици е тоа што не биле со грациозни размери, туку крупна градба со облик на череп кој потсетува на средновековен воен шлем.

Рамен, широк и со мал раб, овој череп бил совршен за сериозен конфликт или два со противникот. За да ја тестираат нивната хипотеза дека черепот на Дискокерикот дава предности во физички конфликт, тим истражувачи користел математичка техника за мерење на потенцијалните сили што черепот и пршлените можат да ги издржат при различни судири.

Тие откриле дека специфичната структура на коските и нивните зглобови е способна да издржи исклучително силни удари, можеби посилни од било кое друго познато животно кое удира со главата.

Иако овој древен вид е многу поврзан со модерните жирафи, откритието имплицира дека борбата глава вв глава не би била ново однесување за оваа гранка од животинското царство.

„И денешните жирафи и Discokerica’s kiezhi припаѓаат на истото суперсемејство“, вели првиот автор на студијата, палеонтолог од Кинеската академија на науките Ванг Ши-Чи, кој забележува дека иако нивните черепи и морфологијата на вратот многу се разликуваат, и двата се поврзани со машкото додворување и еволуирале во екстремна насока.