Иако се брилијантни во други области, овие хороскопски знаци не знаат да го ценат пријателството

938

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Иако се брилијантни во други области, овие три хороскопски знаци едноставно не знаат како да го ценат пријателството.

Тие често го менуваат друштвото, не земајќи го во предвид фактот дека го повредуваат лицето кое ги претвориле во пријатели.

Ако барате искрен и верен пријател, избегнувајте луѓе родени во следните знаци.

Водолија

Водолиите се дефинитивно најлошите пријатели што можете да ги имате. Тие се многу егоистични и во се гледаат корист па така и во пријателските односи. Тие не се заинтересирани за вашите проблеми, и ако им станете премногу напорни, тоа ќе ви го кажат во лице и ќе ви го свртат грбот засекогаш.

Стрелец

Стрелците се свесни за својот “антиталент” кога станува збор за пријателството, но тоа не секогаш веднаш ќе ви го откријат. Тие не го ценат туѓото време, често доцнат, а понекогаш дури и не се појавуваат и не им е жал. Бидете внимателни со нив и земете го нивното пријателство со резерва.

Близнаци

Можеби на прва ќе ви се видат како одлични пријатели, но не дозволувајте првиот впечаток да ве залаже. Близнаците секогаш се скептични кога станува збор за пријателството, никому не му веруваат во потполност, па поради тоа и ретко кого сфаќаат сериозно. Тие секогаш се омилени во друштвото, но бидејќи истото одруштво брзо им станува здодевно без мака ќе го променат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.