Новоткриените документи фрлаат сомнеж: Дали Хитлер ја преживеал Втората светска војна?

231

Тајните агенти на ЦИА испратени во Јужна Америка да ја откријат вистината …

Новооткриените документи на американската централна агенција за разузнавање покажуваат дека САД истражувал дали Адолф Хитлер живеел во Јужна Америка во 1955 година – десет години, откако тој извршил самоубиство.

Всушност, службените документи откриваат дека еден поранешен член на СС им кажал на шпионите дека редовно се состанува со нацистичкиот лидер во Колумбија и дека Хитлер, кој тогаш можел да има 66 години, работел како вработен во бродска компанија, пред да замине во Аргентина.

Извештајот прикажува фотографија на Phillip Citroen кој им се обратил на агентите 1954 година дека запознал човек кој тврди дека е Хитлер, кој живее во градот Туња, северно од Богота. На фотографијата со него е, наводно, Адолф Хитлер, кој тогаш бил во средните педесетти години.

До моментот кога агентите презеле некоја акција, човекот кој тврдел дека наводно е Фирерот заминал во Аргентина.

Сепак, ЦИА била крајно скептична во врска со тврдењата на Citroen и препорачале случајот да биде отфрлен.

Хитлер и неговата сопруга Ева Браун се убиле во бункерот во Берлин во април 1945 година, додека советските војници му биле на трага.

Неговото тело го пронашле советските војници и бил погребан на необележано место. Една недела подоцна, Германија им се предала на сојузничките сили.

Но, гласините дека Хитлер всушност избегал во Јужна Америка продолжиле да циркулираат со децении.

Приказната ја поткрепило откритието дека Адолф Ајхман, главниот извршител на ужасите на Холокаустот и Јозеф Менгеле, лекарот кој извршувал болни експерименти врз затворениците во Аушвиц – се криеле во Аргентина и Бразил.

Имено, по Втората светска војна, Ајхман повеќе време се криел во Аргентина. Иако живеел под друго име, тој бил заробен од членови на израелската тајна служба Мосад во 1960 година. На судењето во Ерусалим е осуден на смрт и обесен.

Менгеле, пак, го избегнал апсењето и се удавил додека пливал колку што е можно подалеку од бразилскиот брег во 1979 година.

Овие новооткриени документи покажуваат дека стравовите на Америка дека Хитлер преживеал, биле доволно сериозни за доказните документи веднаш да ги повлечат во САД.

Всушност, документот кој го потпишал шефот на канцеларијата на ЦИА во Каракас, Венецуела, David Brixnor, бил испратен во Вашингтон во 1955 година, заедно со фотографијата која наводно го покажува Хитлер со “многу сигурен” извор на ЦИА Citroen. Во документот пишува дека фотографијата била сликана “не толку одамна”.

Исто така, во документите пишува дека Citroen стравувал за тоа дека Сојузниците нема да можат да му судат на Хитлер за воени злосторства, бидејќи оттогаш поминале веќе десет години.

Документите на ЦИА со сведочењето на Phillip Ситроен и наводната фотографија со Хитлер во 1954 година:





www.jutarnji.hr објавено 31.10.2017