Колинда Грабар Китаровиќ | ‘Prošlo je vrijeme kad je žena čekala što će ‘baja‘ reći‘

190

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, се приклучи на акцијата на жените на социјалните мрежи по изјавата на политичарот и пејач Мирослав Шкоро, инаку нејзини ривал на претседателските избори.

Мирослав Шкоро, кој има десничарски погледи, рече дека жената која била силувана и забремени за абортус, ќе мора да се договори со нејзиното семејство, што ги налути жените низ цела Хрватска.

Прво, реагираше заменик-градоначалничката на Осијек, Жана Гамош, објавувајќи фотографија на која го покажува средниот прст на Шкоро, а во исто време ги повика и другите жени да го сторат истото.

На неа веднаш и се придружи поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, која испрати фотографија од себе, на која го покажува средниот прст на Шкоро со порака:

„Јас им се придружувам на сите жени кои го покажуваат својот став кон овој „непристоен“ чин и го креваат својот глас против оние кои се обидуваат да нè вратат векови наназад. Поминати се деновите кога една жена седеше во ќош и чекаше што ќе рече мажот. Јас секогаш сум била за живот, но и за живот кој има право да избере. Без притисок, без стигматизација и условување, особено во најчувствителните животни ситуации како што е силување. Затоа, јас како знак на поддршка го кревам средниот прст за нас жените и нашите права, но и за мажите кои не поддржуваат“, објави поранешниот претседател на Хрватска.

Мирослав Шкоро беше трет на последните избори за претседател на Хрватска, а овој пејач е познат по своите десничарски погледи. Загрижувачки е што на претседателските избори во Хрватска тој доби повеќе гласови од млади луѓе отколку новиот претседател Зоран Милановиќ и Грабар-Китаровиќ заедно!