Најкратка консултација со психолог | “Имам син дебил…”

2068

– Па вие сте психолог, зарем не? Хм… Паа, кажете ми што треба да сторам со него?

– Со кого?

– Со синот!

– А што е со него?

Мажот ококори очи, изненаден од мојата глупост и неможност да читам мисли. Повторно се врти кон својата жена со прашање: “Каде ја најде оваа будала?” А жената искусен војник, седи без да го крене погледот, и само по бледилото на нејзиното лице, ја разбрав – сета своја сила ја потрошила на тоа да го донесе својот маж тука.

– Тој не гледа поделеку од својот нос! Мрсулко! 14 години, а се однесува како …

– Како?

– Доаѓам дома. Од работа. Неговите патики се среде ходникот. Му реков: “Дали знаеш било што да направиш во животот? Барем патиките стави ги на место”. Сто пати сум му кажал да не ги остава среде ходник. Но, дебилот ништо не разбира. Сè во живот му изгледа лесно.

Еве, го скрши новиот телефон. Ништо не цени. Ништо не зборува, не ми се доверува. Со мајка му се расправа. Дома ништо не работи. Зборувал, не зборувал, како да му се обраќам на ѕидот. И како да се однесувам кон него? Како да најдеме заеднички јазик? Вие сте психолог, па кажете ми! Имате ли некој рецепт?

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3