Mажите без деца се подепресивни од жените без деца

100

Мажите без деца е поверојатно да страдаат од депресија, отколку жените без деца. Британски научници открија дека мажите сакаат деца речиси колку и жените, и се чувствуваат изолирани, депресивни, лути и се потажни од жените, ако ги немаат.

Истражувањето, кое беше претставено на годишната конференција на Британското социолошко друштво во Лондон, покажа уште дека е различно влијанието врз мажите и жените кои сакаат да имаат деца.

Жените без деца е поверојатно да ги посочуваат личната желба и биолошките пориви како главно влијание. Мажите се со поголема веројатност да посочуваат културен, општествен и семеен притисок. Робин Хедли од Универзитетот Кили утврдил дека 59 насто од мажите и 63 насто од жените изјавиле дека сакаат деца.

Од мажите кои сакаат деца, половина се чувствувале изолирани, бидејќи немаат деца за разлика од жените чиј процент е многу помал, односно 27 проценти. 38 проценти од мажите имале депресија, бидејќи немаат деца спрема 27 проценти од жените. Еден од четворица мажи почувствувал гнев, зашто нема деца спрема 18 проценти од жените, а 56 проценти од мажите се чувствуваат несреќни, затоа што немаат деца спрема 43 проценти од жените.

Но, мажите не чувствуваат вина поради тоа што немаат деца, додека 16% од жените доживуваат вина. „Малку се истражувањата за желбата за татковство кај мажите. Моето истражување покажува дека и мажите и жените без деца учесници имаат подеднакво желба да станат родители, а мажите доживуваат поголем гнев, депресија, тага, љубомора и изолација од жените и слично ниво на копнежот. Истражувањето е спротивно на популарното верување дека жените многуповеќе сакаат деца од мажите и дека тие доживуваат подлабоко цела низа на негативни емоции од мажите, ако немаат деца “, изјави Хедли.

Тој оствари истражувањето меѓу 27 мажи и 81 жени кои не биле родители, користејќи онлајн прашалници. Учесниците биле на возраст од 20 до 66 години, а просечната возраст им била 41 години.