55% од луѓето чувствуваат главоболка по 3D филм

60

Филмовите направени во 3Д технологија го зголемуваат заморот на очите и предизвикуваат главоболка, покажува најновото истражување на италјанските научници од Рим, направено меѓу 500 здрави луѓе на воздраст меѓу 18 и 65 години.

Најмалку 55% ​​од љубителите на кино признаваат дека се чувствуваат исцрпеност по 3Д проекција. 11 насто од учесниците имаат гадење по три-димензионални филм. Резултатите се изненадувачки, со оглед на огромниот број на луѓе кои постојано ги полнат киносалите и доброволно си предизвикуваат непријатност.

Интересно е дека децата не добиваат исти симптоми како родители и се жалат многу поретко. Во текот на истражувањето учесниците биле замолени да гледаат 2Д или 3Д филм во период од три недели. Тие можеле да го изберат филмот што ќе го гледаат.

Пред и по проекциите волонтерите пополнувале анкета за здравствената и емоционалната состојба. Тие требало да соопштат дали чувствуваат гадење, проблеми со видот и вртоглавица. Само 14% од луѓето кои гледале обичен филм чувствувале некои од овие симптоми, додека процентот кај 3Д манијаци се зголемил на 55 проценти од учесниците.