Акита Хачико (忠犬ハチ公) | Приказната за најдобриот пријател на човекот | Фото/Видео

3570

Hachi: A Dog’s Tale – Без разлика на тоа дали се работи за јапонски оригинал или американски римејк, тоа е еден од најдобрите (ако не и најдобар) филмови за кучиња, но исто така и за животните воопшто.

Станува збор за филм базиран на вистински настан благодарение на кој Акита расата на која и припаѓал Хачико стана популарна во целиот свет.

Приказната за кучето Хачико е приказна за пријателството помеѓу еден човек и едно  куче. Главните актери во филмот и во вистинскиот настан се Хидесабуро Уено, професор на Универзитетот во Токио и неговиот пес Хачико.

Од 1924. кога станаа пријатели, кучето секој ден го следел професорот до железничката станица Shibuya во Токио каде што го чекал. Се до еден ден, во мај 1925 година, кога професорот не се вратил од работа.

Shibuya Station as it was in the Taishō and Pre-war Shōwa eras (1912–1945).

Зошто? На работа тој добил мозочен удар и починал. Професорот никогаш не се вратил на станицата, но неговото куче се враќало секој ден, и така 10 години.

Веројатно за Хачико никој не би знаел ако локалните весници во Токио не напишале статија, односно, приказна за едно куче кое упорно го чекало својот преијател.

Популарноста на Хачико се зголемила и благодарение на пријателството со професорот, расата на кучињата АКИТА сè уште постојат и ден денес (иако им се заканувало истребување).

Охрабрен од приказната за Хачико, пријателот на професорот направил листа на сите Акита кучиња, и дошол до заклучок дека (вклучувајќи го и Хачико) постојат уште само 30 кучиња.

Инспирирани од приказната за кучето, Јапонците продолжиле со одгледување, а денеска постои и американска Акита.

Исто така, за својот живот на Хачико му било подигнат споменик во Токио, а на настанот присуствувало и самото куче.

Хачико починал на 8 мај 1935 година. Јапонците го прогласиле за национален симбол. Националниот музеј ги чува неговите посмртни остатоци, а покрај сето ова наведено (вклучувајќи и неколку книги, документарни филмови и два филма) влезот на железничката станица каде што Хачико го чекал својот професор е именуван по него.

Last known photo of Hachikō – pictured with his owner’s partner Yaeko Ueno (front row, second from right) and station staff in mourning in Tokyo on March 8, 1935.

Јапонците, но и љубителите на животни ширум светот, ниту ден денеска не го заборавиле Хачико.

Претходно, 2015. на 80-годишнината од смртта на Хачико, како дел од студентскиот кампус на универзитетот каде што предавал професорот Уено, поставена е статуа која ја покажува повторната средба со неговото куче.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.