Ова се најчестите изговори на прељубниците

537

Понекогаш се чини дека дружењето со љубовникот или љубовницата бара комплексна организација. За почеток, потребно е да смислите доббра лага поради која партнерот нема да се посомнева.

Но, изгледа повеќето не се креативни туку се потпира на проверените класики за да се оправдаат.

Lllicit Encounters- интернет платформа наменета за оние кои трагаат по љубовна афера – направиле истражување на повеќе од 2.000 корисници, за да ги откријат најпопуларните алибија на изневерувачите.

Најчести оправданија на жените

1. Одење во теретана
2. Ноќни излегувања со другарките
3. Долг работен ден и останување во канцеларија до касно во ноќта
4. Дружење после работа
5. Прошетка на кучето
6. Шопинг
7. Шетање по стоковни куќи
8. Средба со најдобрата пријателка
9. Одење на козметички третман
10. Занимавање со спорт.

Омилени оправданија на мажите

1. Гледање фудбал
2. Играње голф
3. Работа до доцна
4. Дружење по работа
5. Излегување на машко друштво
6. Шетање на кучето
7. Одење во теретана
8 Занимавање со спорт
9. Дружење со најдобриот пријател
10. Посета на роднини

Со други зборови, ниту мажите, а ниту жените не се премногу креативни. Па доколку вашиот партнер или партнерка одеднаш открие дотогаш непостоечка желба за чести одења во теретана – имате причина да се сомневата, пишува metro.co.uk.