Со олеснување на мерките за борбата против коронавирусот и намалувањето на бројот на нови случаи, кафулињата и рестораните повторно ќе почнат со работа.
Деновиве спроведуваат мерки за заштита, што не значи дека посетителите ќе бидат целосно безбедни.
Колку брзо вирусот може да се шири во затворен простор, најдобро покажува јапонскиот експеримент споделен од вирологот Марк Ван Ранст. Видеото што го споделил на својот Твитер профил покажува колку брзо се пренесува вирусот кај луѓето во ресторан.
Во експериментот биле вклучени 10 лица, од кои едниот бил „заразен“ со флуоресцентна боја што претставувала вирус. По половина час од вообичаеното однесување во ресторанот, светлата биле исклучени, и било воочено колку се прошириле флуоресцентните честички.
Покрај тоа што биле на приборот за јадење, чиниите, чашите и масите, тие биле видливи и на делови од телото честопати допирано, како што се устата, носот и рацете.
Експертите ги повикуваат граѓаните секој ден да носат маски и раквици за понатамошно спречување и ширење на вирусот.
Een experiment om te zien hoe ziektekiemen zich verspreiden bij n buffet: fluorescerende verf werd op d handen v 1 persoon aangebracht &ze lieten toen een groep v 10 mensen dineren.
In 30 min was d verf op elk individu overgebracht & zat op d gezichten v 3pic.twitter.com/XUEpbFyBhn— Bijan (@Bijan63) May 8, 2020



















