Децата кои растат со животни остваруваат подобра комуникација со луѓето.
Голем број научни истражувања покажуваат дека домашните миленичиња имаат позитивна улога во психо-физичкиот развој на децата, затоа што децата кои се дружат со миленичињата остваруваат подобра комуникација со луѓето, сочувствуваат и се мошне грижливи.
На оваа листа има уште неколку причини, зошто е убаво децата да имаат животни:
Одговорност
Милениците бараат постојана грижа и нега, гладни се, сакаат да одат на шетање и некој да си игра со нив, така што малите сопственици уште од мали учат да бидат одговорни за некој друг.
Самодоверба
Ако се успешни во извршување на своите обврски кон кучето или мачето, децата подобро ќе се чувствуваа и ќе имаа добро мислење за себе, ќе бидат горди на себе.
Дисциплина
Децата преку животните учат и за дисциплината. Ако, имаат куче, ќе го учат како да се однесува и како да слуша, што влијае и на нивната послушност.
Отсуство на стрес
Докажано е дека децата се помирни со миленичиња, а само милувањето на кучето може да им даде чувство на сигурност и пријатност, токму како што и предењето на мачката може да смири и да ви даде утеха.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.