Веројатно познавате неколку „токсични“ луѓе во нашето опкружување?
Можеби живеете, работите или се дружите со нив. Токсичните луѓе ја црпат вашата енергија и си играат со вашето ментално здравје.Контактот со овие луѓе би требало да биде сведен на минимум за да се заштитите…или барем да изградите неколку „заштитни бариери“ и да не дозволите енергијата и среќата да ви биде „исцицана“.
10 типови на токсични луѓе кои би требало да ги избегнувате
1. Токсично арогантни
Голема е разликата помеѓу самодовербата и ароганцијата. Самодовербата инспирира, додека ароганцијата заплашува. Арогантните луѓе секогаш знаат најдобро и мислат дека се супериорни од останатите. Тие никогаш нема да ја слават вашата самодоверба, бидејќи тоа ја уништува нивната ароганција.
2. Токсични жртви
Една од најопасните личности којашто може да ја имате во вашето опкружување е постојаната жртва. Тие ги согледуваат своите проблеми и грешки, но секогаш другите им се виновни. Затоа тие никогаш нема да ја преземат одговорноста над својот живот.
3. Токсични контролори
Оние кои контролираат секогаш знаат сѐ и секогаш го знаат најдобриот начин да се направи нешто. Најчесто, под површината, се многу несигурни, но се додека тие се во вашето опкружување, вашата идеја никогаш нема да биде прифатена, ниту ќе можете да направите нешто сами, без нив..
4. Токсично завидливи
Тие се љубоморни, никогаш не се среќни со она што го имаат и не се способни да бидат среќни кога убави работи ви се случуваат вам. Тие не знаат да го ценат напредокот на другите, и мислат ако нешто добро треба да се случи, тогаш би требало да им се случи на нив.
Продолжува на страна 2