Четиринаесет разлики дали  врската е вистинска или токсична љубов

242

Постојат 14 основни разлики дали вашата врска е права или токсична љубов.

Љубов: Личниот развој како приоритет. Токсична љубов: Опседнатост со врската;

Љубов: Простор за раст и развој; желба партнерот да расте заедно со вас. Токсична љубов: Интензивна потреба другите да ве видат со партнер;

Љубов: Различни интереси, различни пријатели, одржување на други значајни врски. Токсична љубов: Ограничен социјален живот, занемарување на старите познанства, пријатели и интереси;

Љубов: Поттикнување на меѓусебните успеси, сигурност во сопствените вредности. Токсична љубов: Окупираност со однесувањето на другата страна, страв од промени;

Љубов: Доверба. Токсична љубов: Љубомора, посесивност;

Љубов: Компромис, заедничко решавање на проблемите. Токсична љубов: Борба за контрола, пасивна или агресивна манипулација;

Љубов: Прифаќање на индивидуалноста. Токсична љубов: Обид да се менуваат карактеристиките на партнерот;

8 Љубов: Однос кој ги опфаќа сите аспекти на реалноста. Токсична љубов: Односот се заснова на илузии и избегнување на непријатностите;

Љубов: Грижа за себе кај двајцата партнери. Токсична љубов: Се очекува едниот партнер да ги „поправи“ работите и да го „спаси“ партнерот;

Љубов: Здрава загриженост за партнерот. Токсична љубов: Опседнатост со проблемите и емоциите;

Љубов: Сексот е слободен избор кој настанува од љубовта и пријателството. Токсична љубов: Притисок околу сексот поради страв, несигурност и потреба за непосредно задоволство;

Љубов: Способноста да се ужива во осаменоста. Токсична љубов: Раздвоеноста е неподнослива;

Љубов: Циклус на удобност и задоволство. Токсична љубов: Циклус на болка и очај;

Љубов: Разговори кои се заснована на разбирање, помагање или изразување на внимание и приврзаност. Токсична љубов: Разговори засновани на обвинувања, заземања на одбранбени ставови или манипулирање.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување