Повеќето деца не ја поднесуваат идејата за учење, бидејќи тоа го доживуваат како товар.
Затоа доколку сакате да ги мотивирате погрижете се да се чувствуваат како да си играат и забавуваат.
Следуваат неколку совети, кои ќе ви помогнат да ги мотивирате децата да учат.
Практичен пристап
Сигурно учењето секому ќе му биде досадно, доколку само чита теорија без каков било практичен пример. Најдобар начин да се елиминира монотонијата е да се покаже пример во пракса. Доколку вашето дете треба да научи историја, одведете го во музеј, во кој може да ги види предметите, за кои чита во книгите. Помогнете им на децата работите да ги видат и да ги доживеат надвор од книгите.
Вредноста на знаењето
Повеќето родители имаат тенденција од децата да очекуваат добри оценки, а доколку ги немаат, родителите го покажуваат своето разочарување. Ова однесување не е прикладно и може да биде препрека за мотивацијата кај децата. Наместо тоа секој ден прашајте го детето што научило во училиште и пофалете го. Тоа може да го мотивира повеќе да учи, што може да се одрази и на подобрување на оценките.
Доволно време за игра
Детето може да ужива во учењето само ако претходно имало доволно време за игра. Форсирање на претераното учење не може да донесе позитивни резултати. Направете распоред врз основа на кој детето освен учењето ќе има и доволно време за игра.
Навика за читање
Поттикнете го детето да чита од најрана возраст. Кога е мошне мало можете да му читате приказни за добра ноќ, а кога ќе научи да чита само, потрудете се да му помогнете читањето да му стане навика. На тој начин училишните книги нема да им изгледаат страшно и нешто од што треба да бегаат.
Учење со помош на игра
Игрите се мошне забавни и можете да ги користите и за време на учењето со децата. Потребно е само малку креативност. Едноставен квиз или лов на богатство, учењето може да го направи многу поинтересно.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















